Предлог за денешен ручек

Пилешко месо во необичен лут сос

СОСТОЈКИ:

4 парчиња пилешки гради, исечкани на ленти или коцки

1 лажица кафеав шеќер

1/4 шолја соја сос

2 лажици мед

2 лажички рендан ѓумбир

2 лажички сечкан лук

2 лажици лут сос

сол

бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте шеќер, мед, соја сос, ѓумбир, лук и лут сос. 

Посолете ги и побиберете ги парчињата пилешко. 

Маслото загрејте го во голема тава. На умерена температура пропржете го пилешкото додека не порумени, околу минута од секоја страна. 

Прелијте со подготвен сос преку месото и оставете благо да струи додека сосот не згусне, околу 10 минути. 

Подготвеното јадење по желба посипете го со сусам.

Коментари

Популарно