(Фото) Игор Џамбазов повторно заљубен – неговото срце успешно освоено

Македонскиот глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец, Игор Џамбазов полицискиот час и карантинот ги минува во Дојран.

Но, таму не е сам. Ужива со планинарката Илина Арсова, со која од фотографиите кои ги споделуваат, може да се заклучи дека се многу повеќе од пријатели.

-Ние младите денес празнуваме…, – е последната објава на Џамбазов, каде на фотографијата се тој и Илина, што дополнително им даде за право на сите да веруваат дека меѓу нив се родила љубов.

И кога две величини ќе се спојат, тогаш на сите им е мило и драго. Илјадници допаѓања, коментари и реакции, за да им порачаат: Бидете среќни, сакајте се!

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Ние младите денес празнуваме...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Игор по различните бури кои ги имаше во животот, во 2014 година се преселил во селото Слепче, Демирхисарско, а од крајот на 2018 година, живее во селото Сретеново, во општина Дојран.

После одредено време тој прекинува да глyми во Македонскиот Народен Театар, но во 2016 се враќа на сцената со претставата „Брачна игра“ во режија на Тони Михајловски и според текст на Едвард Олби. Во неа, Весна Петрушевска и Игор Џамбазов, ги играат главните ликови, брачниот пар Џилијан и Џек.

Токму Весна Петрушевска – Бејби се очекува да им биде кума на Игор и Илина.

Коментари

Популарно