Пејачката „си купи“ машина од 50 000 евра!

Неда Украден (69) се почестила со нов автомобил „јагуар“ чија цена е околу 50 000 евра, а се проценува и дека тоа е сумата за возило со „минимална“ опрема. Станува збор за теренско возило кое е сега нејзиниот нов миленик, а судејќи по подновувањето, Неда од корона-кризата излегла прилично неоштетена. Иако нејзините изјави за време на пандемијата привлекоа големо внимание, особено заради апелот државата да им помогне и на музичарите. 

- Би изразила апел да им се помогне и на музичарите кои се навистина погодени со оваа ситуација. И ним на некој начин да им се овозможат привилегии кои се резервирани за сите останати, рече Неда и на себе го навлече гневот на јавноста. 

Зошто барала помош кога може да се заклучи дека нема финансиски проблеми не е јасно или можеби и недостасувале стотина евра за да доплати за дополнителна опрема за „јагуарчето“?!

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Goodbye! Addio!👋👍 #nedaukraden #feelfree #zivotudobakorone #vratilasamsezivote😊

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden) on

Коментари

Популарно