Видео: ВМРО-ДПМНЕ ветува 36.000 денари плата за наставниците и 100.000 денари за универзитетските професори

На  денешната прес-конференција  Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ. најави реформи во образованието и зголемување на платите на наставниците и универзитетските професори,

„Наставниците ќе добијат повисока плата како мотив за нивната работа, достојна за нивниот труд кој го вложуваат во образованието на најмладите од кои ќе се продуцираат нашите научници, нашите политичари, нашите филозофи, нашите доктори. Платата на наставниците ќе биде според колективниот договор, ќе има израмнување и таа ќе изнесува 36 000 денари. Тука да не ги пропуштам професорите, како што веќе слушнавте, платата на универзитетските професори ќе достигне до 100 000 денари“, истакна Јаневска.

Целосната прес конференција проследете ја во продолжение:

Коментари

Популарно