ВИДЕО: Соседите фатиле на камера крадци кои сакале да украдат банкомат

Жителите на Асиаго, Италија од прозор снимиле разбојници кои откорнале банкомат од ѕид, но нивните планови ги спречила полицијата.

На 24 април се појави видео на Вирал Хог, на кое се гледа дека разбојниците успеале да го утоварат банкоматот во камион, но и како бегаат по што нивниот план бил спречен. Сторителите украле камион во градот и се возеле до најблискиот банкомат.

Жителите кои го снимиле видеото повикале полиција и тие пристигнале во моментот кога крадците го товареле банкоматот во камион. Кога пристигнала полицијата, групата влегла во автомобил паркиран во близина и избегале, но наводно, биле фатени за кратко време. Погледнете како изгледа обидот за кражба

Коментари

Популарно