Потврдени првите случаи на заразени со коронавирус од журките на охридските плажи

Тројца позитивни на ковид 19 кои биле на забавите во Охрид за продолжениот илинденски викенд, дознава Канал 5 од болнички извори.

Заразените се со благи симптоми и се на домашно лекување. Од денеска стартуваат и анкетите на заразените со кој се биле во контакт и до среда треба да се знае точната бројка на луѓе кои би заминале во самоизолација и се заразиле од нив.

-Очекувана е бројката од 200-те ново заразени од Ковид 19 и нови кластери по забавите на излетнички места, а бројката ќе се задржи и со можност да биде и повисока“, вели епидемиологот Даниловски.

За професорот Даниловски и во наредните денови треба анкетите на заразените од овие кластери да покажат со колку луѓе имале контакт. За него загрижувачки е што се уште има забави како на пример во Струмица, а и покрај големиот број на болни и починати забавите не престануваат.

Според епидемиологот токму ваквото однесување непочитувањето на мерките создава страв и несигурност колку децата се подготвени во училиште да следат настава без претходна навика да носат маски и да држат дистанца.

Утре комисијата за заразни болести треба да донесе препораки во какви услови и на кој начин ќе почне учебната година од септември дали таа ќе биде онлајн, во училишни клупи или комбиниран начин на образование, пренесе Канал 5.

Коментари

Популарно