(Видео) Во долга хаљина и со пуштена коса се искачи на карпите на Матка - Еве и зошто

Во прилог целосното видео од Матка. И овој пат сакам да се заблагодарам на сите кои ми дадовте поддршка, и кои што на ваков или онаков начин го разбраа мојот перформанс.

За оние неупатените, сакам да кажам дека ова е уметнички перформанс со кој што сакам да ја прикажам женственоста, а воедно и моќта на жената во едно кратко видео.

И на крај, за критичарите, и оние кои упатуваат навреди, сепак едно кратко образложение. Мојата физичка и ментална форма се беспрекорни во моментов. Оние кои имале шанса да качуваат со мене, ќе го потврдат истото. Зад овој (како што го нарекувате луд) подвиг, стои години тренинг и искуство. И не, не мислам дека со ова ќе ги мотивирам его триповите да се качат на истово боси, или во костим како мене. Напротив, мислам дека со ова ќе МОТИВИРАМ И ИНСПИРИРАМ што повеќе жени и мажи да не се откажуваат од своите замислени цели. И клучот е наједноставен. Тренинг, и само тренинг. Останатото е историја... #peace #womanpower

Видеото можете да го погледнет ТУКА.

Коментари

Популарно