Маја Шупут „издржа “ со него

На Инстаграм, Хрватската пејачка Маја Шупут на нејзиниот сопруг Ненад Татаринов му ja честиташе  третата годишнина од нивната врска. По тој повод таа објави фотографиja со сопругот. Двојката позираше со насмевка на лицето, а нивната облека ја усогласија. Маја носеше комбинезон со црна чипка, додека пак Ненад имаше црни пантолони и кошула и бела јакна.

– Пред точно три години, ми се појави во животот потполно неочекувано, кога најмалку се надевав. И покрај тоа што поминаа само три години, имам чувство дека се познаваме целиот живот. Точно толку сакам да бидеш со мене. Среќна годишнина љубов моја, напиша пејачката.

Двојката е во врска уште од летото 2017 година, а се запознале две години порано кога Маја за прв пат престојувала во луксузен хотелски комплекс во Шибеник, каде Ненад бил генерален директор. Тие се венчаа по година и пол откако започнаа романса, а ги поканија само своите најблиски пријатели и семејство на свадба на Истра.

По посетата на Ровињ, Шибеник, Дубровник и Корчула, тие моментално летуваат на полуостровот Истра, за што пејачката се пофали на Инстаграм.

Коментари

Популарно