Знаат ли колку е тешко да се подели плата: И Касами бара двојазичност во приватните фирми

Дел од дипломираните Албанци не говорат македонски јазик затоа приватните компании треба да спроведат двојазичност за да создадат еднакви услови при вработувањето на сите граѓани, вели лидерот на Беса, Биљал Касами. Во интервју за ТВ 21 коалицискиот партнер на СДСМ изјави дека приватните компании треба да работат на правичната застапеност и дека тој би можел да го каже тоа за популизам но дека реалноста е поинаква. 

Касами ја дава изјава во време кога се разгоре дебатата за вработувањата во приватните компании за кои прв зборуваше првиот вицепремиер Артан Груби. Тој рече дека Владата ќе дава субвенции за вработување на Албанци во приватни компании. Иако јавноста бурно реагира, албанските политичари деновиве соопштуваат дека нема да се откажат од таа идеја. Сега тоа го потврдува и Касами кој инаку беше лут противник на ДУИ. Сепак сега е во истата Влада со оваа албанска партија. Во синоќешното интевју рекол дека нема да прифатат било каков кандидат предложен од ДУИ за премиер Албанец во последните 100 дена од владата. 

Многу реакции стасаа за овие најави, а сега се реагира и на изјаватa на Касами која е во време на криза и кога реалниот сектор е практично на колена. Додека фирмите се борат за ликвидноста функционерите се расфрлаат со изјави на трошење буџетски пари за етнички вработувања. 

Коментари

Популарно