ФОТО:Поради својата генетска мутација, овој златен ретривер ги освои срцата на многу луѓе

Златниот ретривер Енцо Виола, кој живее во Тексас и е роден со мутација односно голема црна дамка преку левата страна на лицето.

Профилот на ова слатко куче на Инстаграм го следат повеќе од 180 илјади луѓе, а ниту една фотографија објавена од неговите сопственици не може да помине без убави коментари.

Енцо има генетска мутација, но затоа е посебен. Не личи на други кучиња, а неговиот дефект не влијае на неговото здравје. Целото семејство се вљубило во него веднаш штом го виделе за прв пат и не само поради неговиот уникатен изглед, туку и поради неговиот карактер. Тој е многу симпатичен и разигран и има толку многу енергија што треба да го носат на долги прошетки двапати на ден.

Коментари

Популарно