Се закачија Брена и Весна Змијанац

Весна Змијанац и Лепа Брена се лути ривалки со децении. Некогаш можеби кусо време се почитувале но никогаш не нашле заеднички јазик бидејќи отсекогаш била мртва трка која од нив две е поголема ѕвезда. Така останало и до денес, но по се изгледа дека војната се продлабочува.

- Неодамна во едно друштво некој ја прашал Весна дали би снимила дует со Лепа Брена, на што таа како од топ одговорила дека на тоа не би пристанала ни за жива глава бидејќи имаат различни сензибилитети и дека гласовите не им се подудараат-открива извор и додава:

- Секако, чаршиските муабети на далеку се слушаат, па така стигнале и до Брена, што значи дека за помирување на двете пејачки нема ни збор. Единствено може да се очекува караница, ако некогаш случајно се сретнат. Тие сепак се зрели и реализирани пејачки. Секоја си ја гледа својата работа, во минатото не се враќаат. Инаку своевремено, Брена како млада пејачка јавно зборувала за колешката.

- Настојувам да не се дружам со луѓе од естрадата. Ние во суштина неможеме да бидеме пријатели. Јас знам дека можам да бидам пријател со секого, бидејќи немам конкуренција во Југославија. Кога ќе дојде девојка која пее по магистрала или по биртии и дупки, која убаво ќе се нашминка, ќе стекне некое име на база “куку леле, мајко, ми го зема некој мажот“, кога ќе го распродаде последниот адут од својот живот, и кога на таков начин ќе стекне имиџ, за мене тоа е вон здрав разум – рекла Брена 1990 година, а ставот сеуште го нема сменето

- Би сакала на пет минути да бидам Весна Змијанац па да го одморам малку мозокот, бидејќи во тие години си дозволуваш себеси да се изналупаш глупости, во име на својата слава, но тоа за мене е сепак незамисливо – рекла Брена и додала:

- Весна кај нас во емисијата “Никогаш не е доцна“ беше и госпоѓа и дама, и кралица, а што од сето тоа е нека размисли сама. За мене реалити програмите се медиумски ужас. Тоа е деградирање на човекот во секоја смисла – изјавила Брена пред две години.

Од друга страна, Весна не била толку опширна на темета на Брена само го допрела нејзиниот изглед и евентуалните естетски операции:

- Незнам дали нешто направила или не, но на тие години со таков изглед не е можно да се постигне на природен начин. Мојата Николија е родена како Брена, ма исти се. Несака да купи скапи фустани, јас и велам: Брено купи, јас отсекогаш бев галантна – рекла Весна и и замерила на колешката што не и го честитала роденденот на внуката, со што на пријателите им рекла дека несака ништо да слушне за неа:

- Брена за мене е мртва!

Коментари

Популарно