Згодната водителка проговори за непристојните понуди

Една од најубавите водителки во регионот, Бојана Лазиќ, честопати е мета на непристојни понуди поради нејзиниот атрактивен изглед.

Кога станува збор за Бојана, повеќето зборуваат за нејзиниот изглед и не е изненадувачки што, пред да стапне на телевизија, работеше како модел. Како што откри, тоа со себе носи одредени непријатности …

– Имајќи предвид дека бев модел и бев мисица, имаше многу непристојни понуди. Но, јас секогаш носев домашно образование и ја имав мајка ми како најголем и најдобар пример. Горда сум што денес сум како неа и се борам сама. Мирот и спокојството немаат цена – истакнува Бојана.

Бојана Лазиќ, која е добро позната на гледачите на Гранд телевизија, каде претходно работеше, неодамна е водителка на емисијата „Премиера“ на ТВ Пинк.

Коментари

Популарно