Компири со кашкавал и буковец

Оброк кој ќе го правите постојано!

СОСТОЈКИ:

8 големи компири

1/2 шолја масло

1/2 лажица лук во прав

1/2 лажица буковец

2 лажици ситно рендан кашкавал (најдобро пармезан)

1/4 лажичка бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирите излупете ги и исечкајте ги на крупни парчиња. Сите состојки измешајте ги и во нив извалкајте ги парчињата компири па наредете ги во плех, на хартија за печење.

Печете на 190 степени околу 45 минути. Послужете со павлака, или кечап и мајонез.

Готви.мк

Коментари

Популарно