Кох со сирење и шунка

Вкусен оброк кој ќе го правите постојано!

СОСТОЈКИ:

300 гр грашок

100 гр шунка Пекабеско сечкана на кругови

2 јајца

50 гр маргарин

100 гр сирење

1 главица кромид

50 гр брашно

50 гр презла

300 мл млеко

1 мускатно оревче

масло

сол

мелен црн бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во тава со растопен маргарин испржете ситно сечкан кромид. Кога ќе омекне, додајте сечкана шунка, посолете и побиберете. Додајте грашок, брашно и млеко. Одвојте ги белките од жолчките, а во садот со жолчки додајте ја содржината од тавата, изрендано сирење, изрендано мускатно оревче и измешајте.

Со миксер разматете ги белките, посолете, па соединете со претходно подготвената смеса.

Пропрскајте со масло и презла калап за куглоф, па нанесете ја смесата за кох. Печете 40 минути на 200 степени.

Печениот кох превртете го на тацна, пресечете и послужете со јогурт или кисело млеко.

Готви.мк

Коментари

Популарно