Шпанските медиуми ги објавија составите на двата тима за Ел Класико

Фудбалерите на Барселона денеска на домашен терен ќе го пречекаат Реал Мадрид во големото дерби од седмото коло на Ла Лига.

Ел Класико е секако еден од најголемите натпревари во светот и јасно е дека и денес не чека многу возбудувања на Камп Ноу. Во претходните години, овие клубови имаа спектакуларни судири и се надевам дека ќе биде така и денес.

Но, јасно е дека Барса и Реал не се доминантни како претходните години, и двата клуба влегуваат во Ел Класико по неочекуваните порази во последното коло од Хетафе, односно Кадиз.

Исто така, шпанските медиуми пишуваат дека во случај на пораз на Зинедин Зидан може дури и да добие отказ, поради што овој натпревар е од особено значење за него.

Натпреварот на Камп Ноу се игра од 16 часот, а каталонски Спорт веќе ги објави веројатните состави:

Веројатно составот на Барселона: Нето, Дест, Пике, Ленглет, Жорди Алба, Бускетс, Де Јонг, Кутињо, Гризман, Ансу Фати, Меси.

Веројатна постава на Реал Мадрид: Куртоа, Начо, Варан, Серхио Рамос, Менди, Касемиро, Крос, Модриќ, Асенсио, Винисиус јуниор, Бензема.

Извор: https://sportclub.mk/

Коментари

Популарно