(Фото) Маријан Стојановски славеше роденден со сопругата и ќерката

Македонскиот пејач Маријан Стојановски деновиве имаше причина за славење, а тоа беше неговиот роденден. Ова беше прв негов роденден кој го прослави како сопруг и татко на малата Вероника.

Роденденот, заради пандемијата, Маријан го прослави дома, со торта во вид на грамофонска плоча и микрофон. Пејачот на социјалните мрежи доби многу честитки од пријателите, а некои од нив му честитаа со една од неговите најпознати песни „Подарок“, која почнува со стиховите „Роденден, мала забава“.

Коментари

Популарно