Љубе Бошкоски објави каде лови странски инвестиции

Љубе Бошкоски советникот на премиерот Зоран Заев за странски инвестиции во фејсбук пост вели дека деновиве е во лов на странски инвеститори. Во објавата Бошкоски всушност му одговара на прозивка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за кој тврди дека го прозвал на прес конференција. Канејќи го Мицкоски на ТВ дебата, Бошкоски вели дека патува на свој трошок, а не со платата како советник во Владата за која вели дека не е доволна за едно патување во странство.

„Ти одговарам подоцна, бидејќи синоќа во Загреб имав состанок со потенцијални инвеститори за обновливи извори на енергија, а денес сум вo Грaц нa сoстaнoк со можни инвеститори во градежништвото и инфраструктурата. Сето го правам на сопствен трошок, бидејќи платата е недоволна за едно патување во странство, но тоа секако не ме спречува да работам за доброто на Татковината, без да побарам ниту денар дополнителни трошоци. И тука ние се разликуваме – во моето дејствување и твоето, се сеќаваш, упорно, бесрамно и невистинито тврдење дека си бил само про-боно советник на Груевски, во време кога тој со над 90 советници трошеше 1,73 милиони евра народни пари, пишува Бошкоски.

Инаку Бошкоски за ангажманот како советник зема месечна плата од 55.268 денари.

Hristijan Mickoski, деновиве слушам декa криејќи се зад други луѓе си ме прозвал на прес. Ти одговарам подоцна, бидејќи...

Posted by Љубе Бошкоски / Ljube Boshkoski on Wednesday, October 28, 2020

Коментари

Популарно