Компир-пире со месо и сос

Направете супер вкусни компири со месо.

СОСТОЈКИ:

1 кг. компири

2 лажици маргарин

50 мл. млеко

500 гр. мелено месо

250 мл. доматен сос

1 главица кромид

2 чешни лук

200 гр. моцарела

ПОДГОТОВКА:

Се мие и вари компирот. Се цеди и се пасира како пире. Се додава врело млеко и маргарин.

Се пржи сечениот кромид на масло, се додава месото, ситнет лук и се пржи кратко.

Се додава доматното пире и се динста 15 минути со додавање зачини.

Се премачкува тава со масло, се става меленото месо, компир-пирето, па моцарела рендана или сечена.

Се пече на загреана рерна на 200 степени 25 минути.

Готви.мк

Коментари

Популарно