СОНК бара да се плати прекувремената работа на наставниците и хроничните да работат од дома

Исплата на надомест за прекувремени часови поради зголемен обем на работа на просветните работници, бара Синдикатот за образование и наука.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков истакна дека тоа е законска обврска и обврска од Колективниот договор, а зголемениот обем на работа во училиштата се појавува во паралелките со физичко присуство каде учениците се поделени на две групи.

СОНК поради ширењето на епидемијата, бара и Министерството да ја преиспита одлуката за физичко присуство за првите три одделнија во основните училишта за да не се зголемува ризиокот по наставниците.

Неделков истакна и дека секој наставник кој сака и има услови да му се овозможи онлајн работа од дома, а не тоа да биде одлука за сите наставници.

Големениот обем на работа во училиштата се појавува во паралелките со физичко присуство каде учениците се поделени на две групи

Коментари

Популарно