Директорот на струмичката болница преку Фејсбук бара донации за ново амбулантно возило

Директорот на Струмичката болница Наќе Гогов со фејсбук статус моли за донации од граѓаните и од компаниите од Струмица. Со парите кои ќе се соберат планира да купи ново болничко возило. Гогов во статусот дури ја оставил и жиросметката на болницата. Самиот вели дека е свесен дека на ваков начин не треба да собира пари ама тоа го правел заради актуелната ситуација.

„Почитувани пријатели, мои ценети сограѓани, знам дека не би требало да се барат донации на ваков начин , меѓутоа заради малиот број на болнички возила, заради тоа што се застарени и често се расипуваат, заради ситуацијата во која се наоѓаме со корона вирусот каде транспортот на пациенти е неколкукратно зголемен - болничките возила се 24 часа вклучени во транспорт на пациенти од нашата болница до клиничките центри и обратно, ние како „ЈЗУ Општа болница - Струмица" имаме потреба од ново болничко возило кое ќе биде од голема корист за сите граѓани од Струмица и струмичкиот регион. Да се организираме и да си помогнеме самите. Ве замолувам сите кои сте во можност и сакате да донирате од срце , каде сумата ќе биде по ваша желба да донирате на следната жиро сметка :660270170248596 . Се надевам дека ќе ја покажеме хуманоста на дело, напишал Гогов.

Коментари

Популарно