Михајловски до Шекеринска: Не знам за „вашата земја“, ама нашата Македонија оди на Европско!

Не знам за вашата земја, а и баш ме заболе, ама мојата, нашата Македонија оди на Европско, објави денеска македонскиот артист Тони Михајловски на Фејсбук.

Оваа негова реакција се однесува на честитката на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која Македонија ја нарекува „нашата земја“ и го меша ЕП во фудбал со НАТО.

-Како изгледа поддршка од НАТО на фудбалско првенство? Има тенк кај нас на голот, знаме на НАТО на гол линијата и на корнерите, снајперска поддршка од трибините и спремен носач на авиони во случај противничкиот тим да не нападне? Ако се разбира некој у натофудбал нека каже, објави Михајловски на својот профил на Фејсбук.

Коментари

Популарно