Една медицинска сестра се грижи за 16 пациенти!

Состојбата во здравството од ден на ден се влошува. Реалната слика во државата покажува дека како расте бројот на ново заболени граѓани од корона вирус, така се зголемува и бројот на ново инфицирани медицински и здравствени работници ширум државата, а оние кои што останаа едвај издржуваат во борбата против ширење на корона вирусот.

Информации за заразен медицински персонал ги загрижува граѓаните прашувајќи дали ќе има кој да ги лекува во време на пандемијата. Според податоците до сега има заразено нешто над 1600, додека пак 13 здравствени работници за жал ја изгубија битката.

Една од причините за ваквата состојба е немање на соодветна заштитна опрема, но и губење на сила и концентрација на медицинскитот персон кој е на првите борбени редови против ширење на корона вирусот.

Од друга страна пак, додека медиумите пренесуваат дека капацитетите на болниците се преполовени и секојдневно се борат со недостиг на здравствен персонал, податоците од Агенцијата за вработување покажуваат над 2300 сестри и доктори се на листата невработени заклучно со месец октомври годинава.

Како невработени се евидентирани 249 доктори на медицина, 19 специјалисти по општа медицина и 1 интернист. Од нив дури 225 се водат како невработени помалку од 11 месеци или приближно колку што трае КОВИД кризата. Кај медицинските сестри состојбата е поалармантна, од податоците на Агенцијата за вработување се впишени вкупно 2908 сестри, од нив 939 се со звање медицински техничар, 873 медицинска сестра, 21 сепцијалисти медицински сестри, дипломирани медицински сестри се евидентирани 63, и 4 невработени медицински лица се специјалисти за интензивна нега.

Во услови на здравствена криза која почна во март 1214 сестри се невработени помалку од 11 месеци, а невработеноста кај сестрите трае подолго од докторите.

Коментари

Популарно