Сашко Николов: Бесплатни заштитни маски ако победам во Штип

Кандидатот за градоначалник на општина Штип од редовите на СДСМ, Сашко Николов, пред воинредните локални избори на 13 декември вклучување на социјалните мрежи, рече дека ќе формира фонд од донации за бесплатни заштитни маски за граѓаните доколку победи.

- Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за донации и од општествено одговорните компании да собираме средства за секој наш граѓанин да има маска. Со црвениот крст ќе ги најдеме постарите граѓани, да им помогнеме во остварувањето на секојдневните обврски, рече актуелниот пратеник од владеачкото мнозинство.

Докторот од штипската болница денеска ја претстави својата програма и визија за градот Штип и рече дека ќе продолжат инвестициите во проекти важни за граѓаните, како што се реконструкција на најфреквентните сообраќајници, реконструкција и изградба на спортски објекти, реновирање на училишта и реализација на проекти за зачувување на животната средина.

– Желбата на сите нас е да имаме еколошки чист и безбеден град. Пред се да продолжиме со проектите кои се започнати во изминатие години. Да го направиме Штип – дом еднаков за сите, дом во кој ќе растат нашите деца. Штип го гледам како крстосница каде што се вкрстуваат сите патишта, магистрални, локални, експресни, град на современост, град на грижата, град што ќе продолжи да пулсира во духот на младите, во духот на културата, еколошки чист град. Штип е во сигурни раце и ќе продолжи да чекори напред заедно, порача Сашко Николов.

Коментари

Популарно