Четири лица во Бугарија пријавиле нуспојави откако ја примиле вакцината

Четворица бугарски државјани појавиле лесни до умерени нуспојави по вакцинацијата со доза од Фајзер/Бионтек, соопшти денеска директорот на бугарската Агенција за лекови, Богдан Кирилов.

Вакцинацијата кај нашиот источен сосед почна на 27 декември. Досега вакциниранс е речиси 5.000 луѓе.

-Несаканите ефекти се движат од лесни до умерени. Луѓето кои имаа несакани ефекти се опоравија, нагласи Кирилов.

Според него, несаканите ефекти вклучуваат два случаи на болка, еден случај на вртоглавица и повишена температурата.

Бугарија денеска ја доби втората испорака на вакцината од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ од 25.000 дози.

Коментари

Популарно