Ова се новите малопродажни цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10 % во однос на Одлуката од 22.01.2021 година.

„Неочекуваниот раст на залихите од сурова нафта во САД во минатата недела , како и очекувањата дека потрошувачката во Соединетите држави ќе биде поттикната од мерките за помош, објавени од новиот американски претседател Бајден за да ги ублажи  ефектите од пандемијата пратија различни сигнали кои ги раздвижија берзанските цени и дел од нив се стабилизираа, дел намалија, додека кај тешките дестилати цените на берзите  се зголемуваа. Соодветно на регистрираните берзански движења и нашата методологијата, прилагодени се малопродажните цени на нафтените деривати“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95,ЕУРОСУПЕР БС-98 како и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што се утврдени со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година.

 Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,445 ден/кг и ќе изнесува 31,268 ден/кг.

Од 26.1.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                           61,00  (денари/литар)

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС -98                            63,00  (денари/литар)

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      52,00  (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                       41,50   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                   31,268  (денари/килограм)

Коментари

Популарно