Македонски граѓани заглавени пред Евзони, Грција не ја отвори границата

Граничниот премин меѓу Македонија и Грција, Евзони, од утринава е отворен за сообраќај но само за патници со грчки пасоши.

Иако министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев официјално изјавија дека Македонците на 14 мај конечно по година и пол ќе може да одат во Грција со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или со потврда за вакцинација, сепак денеска на многумина кој што се одлучија да патуваат кај нашиот јужен сосед не им беше дозволен влез во државата.

Објаснувањето на грчките полиција е дека за сега се уште не добиле официјално одобрување за влез на останати патници.

Голем број на револтирани македоснки граѓани чекаат во колони на границата со Грција.

Коментари

Популарно