Со зоља пукаат во јаболко на свадба во Србија

За време на традиционалните свадбени прослави во Србија е многу важно да се испочитува обичајот во кој при доаѓање на младоженецот кај невестата со пушка се пука во закачено јаболко од покривот на куќата.

Меѓутоа, сватовите на една српска свадбена веселба решиле обичајот да го подигнат на ново ниво, па наместо со пушка кон јаболкото пукале со зоља.

Коментари

Популарно