Неколку совети за како да си го забрзате метаболизмот

Како старееме, метаболизмот се забавува и борбата против вишокот килограми е сѐ потешка. Затоа нутриционистите имаат совети како да го забрзате метаболизмот.

Вежбајте пред да појадувате

Нутриционистите велат дека утринските вежби не само што се најдобар начин да се разбудите, туку и за да го забрзате метаболизмот. Со вежбање пред појадокот согорувате најмногу масти бидејќи телото било во мирување цела ноќ. Не мора да претерувате со вежбање, доволно е половина час пешачење пред појадокот.

Појадувајте кога сте гладни

Не мора да појадувате во 6 наутро ако не сте гладни тогаш. Појадокот е важен, но не се терајте со сила да јадете веднаш откако ќе станете, туку  во оној период кога ќе почувствувате глад.

Без шеќери за појадок

Храната што ја внесувате има огромно влијание врз контролата на нивото на шеќер во крвта, чувството на ситост, согорувањето на мастите и понатамошните избори поврзани со храната. Нутриционистите велат дека квалитетните протеини и здрави масти што ќе ги внесете за појадок добро држат ситост во текот на денот.

Ако го почнете денот со рафинирани јаглехидрати тоа ужасно ќе влијае на нивото на шеќер во крвта, а попладнето ќе имате потреба да внесувате уште јаглехидрати. Најдобро е со протеините и здравите масти да внесете и малку зеленчук, бидејќи растителните влакна ќе го придвижат метаболизмот.

Паметни ужинки

Можеби ви се чини предолго, но на телото му се потребни пет часа меѓу оброци за да ги согори мастите, па затоа е многу важно што јадете меѓу оброците. Ако за ужина јадете овошје, суво овошје или јогурт, телото ќе избере да ги согорува шеќерите што се претвораат во јаглени хидрати, па согорувањето на мастите веќе нема да биде потребно.

Лесна вечера

Не мора да се одрекнувате од вечерата за да ослабите, но имајте на ум дека тоа треба да биде најмалиот оброк во денот. Кажано поедноставно, на телото му треба најмногу храна во текот на денот за да имаме енергија за сите активности. Со внесување помалку храна навечер ќе му овозможите на телото да ги согори мастите во текот на ноќта.

Коментари

Популарно