Брачна двојка загина кога шлепер преполови автомобил „југо“ во близина на Ниш

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 11 часот на патот Ниш-Дољевац, јавуваат српските медиуми.

Како што објавуваат локалните медиуми, тешката несреќа се случила на влезот на Малошиште кај Дољевац, а животот го загубила постара брачна двојка.

Во судирот учествувал шлепер од марката „Сканија“ и автиомобил „Југо“, во кој биле двете починати лица. Мажот починал на лице место, а жената на пат кон болница. Во обидот за спасување, покрај лица од брзата помош, учествувале и пожарникари.

– Нешто страшно пукна кога се случи судирот. Мислевме дека резервоарот експлодира. Се обидовме и ние и луѓе кои застанаа да помогнат, но немаше спас, велат од блиската бензинска пумпа.

Стакло, делови од возилото беа расфрлани на патот на влезот во Малошиште, каде сообраќајот беше запрен поради сообраќајната несреќа.

Коментари

Популарно