Спремете супербрз сос со пилешко кој оди со ориз и со пире

Состојки:

1 кромид

1 морков

300 гр пилешко филе

мешавина од суви зачини

сол

бибер

лук во прав

малку сусам

павлака за готвење

масло

Подготовка:

Прво треба да го загреете маслото во тавата, а потоа време е да го додадете сечканиот морков и малку да се пропржи додека не ја ослободи бојата. Потоа додадете го исечканиот кромид.

Во сето тоа додадете малку вода, а потоа оставете уште малку да се динста.

Сега е време да го додадете и сечканото пилешко. Пропржете го, но во еден момент во тавата додадете ги другите состојки, малку сол, сувиот зачин, павлаката за готвење и сусамот.

Потребни се уште неколку минути за да се динста вашето јадење, а потоа можете да го послужите овој брз сос со ориз, пире од компири или тестенини.

Пријатно!

Коментари

Популарно