(Фото) Карлеуша вчера го славеше роденденот во креација на македонскиот дизајнер

Јелена Карлеуша вчера го прослави својот 44 роденден во златна комбинација.

Поп-ѕвездата вчера објави и видео на Инстаграм како позира покрај џиновска торта додека носи прекраток фустан со златни реси, а фустанот е од македонскиот дизајнер Златко Јовановски.

Згодната пејачка изгледот го зачини со ремен кој ѝ ја истакнуваше половината, а градите ѝ беа раскошно средени во корсет.

На стапалата имаше високи потпетици кои ја истакнуваа нејзината витка и суперзгодна фигура.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Коментари

Популарно