ВИДЕО: Нено Димитријевиќ со кош од СВОЈА ПОЛОВИНА ја сруши Данска!

Репрезентацијата на Македонија го добија натпреварот против Данска (70-73) на неверојатен начин, откако домашните го потрошија времето. Ненад Димитријевиќ ја презеде одговорноста и со шут од своја половина погоди за тројка и големо славје во Нествед. 

Плејмејкерот на Уникс не размислуваше, времето истекуваше и со шут од огромна далечина стрела за победа на Македонија. 

Токму Димитријевиќ беше нашиот најдобар кошаркар во Нествед. Организаторот на играта уфрли 26 поени и беше играч на натпреварот.

Пред Македонија е домашен дуел со Словачка во рамките на претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година, в недела во Скопје.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Коментари

Популарно