ИН МЕМОРИАМ: Почина Чиро Блажевиќ!

По долга и тешка борба со ракот, утрово во Загреб  на 88-годишна возраст почина едно од најголемите фудбалски имиња во Хрватска и во регионот, легендарниот Чиро Блажевиќ.

Блажевиќ засекогаш ќе остана запаметен како тренерот кој ја однесе Хрватска до светска бронза во 1998 година.

Својата кариера ја почнал во Травник ги водеше и Веве, Сион, Лозана, Швајцарија, Риека, Грасхопер, Приштина, Нант, ПАОК, Иран, Осијек, Мура, Вартекс, Хајдук, Џамакс, Загреб, Шангај, Мес Керман, Загреб, Слобода од Тузла, Задар, исто така како репрезентација на Босна и Херцеговина покрај Хрватска.

Неговиот последен тренерски ангажман беше во 2014 година во Задар.

“Толку сум болен, толку ми е тешко. Оваа проклета болест ме окупираше насекаде. Се борам, патам. Имам големи болки, па таму…”, изјави Блажевиќ Приказна” низ солзи во последното интервју, а потоа продолжи: “Нозете не ме држат повеќе од силна вода, одам на инфузија. Ситуацијата е тешка, да бидам искрен. Многу, многу тешка. Ракот ми се рашири на сите коски и на најлошото и најопасното место – црниот дроб. И тој уништува сè полека и сигурно“.

Коментари

Популарно