Скопјанка преживува пекол по ставање ботокс, пишува Курир.
![](/uploads/IMG_1334.jpg)
-Луѓето кои сакаат да прават било каква естетска корекција, многу треба да внимаваат кому му го доверуваат тоа. Бидејќи сите станаа доктори и кој ќе стигне боцка. Да не веруваат во сертификати, работни искуства по Србија, Бугарија и слично. Сторените последици сведочат за тоа колку некој ја познава работата и дали вреди да се нарече Доктор. Последиците кои ќе ви се случат се пострашни од некоја брчка или неправилност, а да не зборуваме за психичкото здравје, изјавила Александра за Курир.
Наместо разубавување, таа добила птоза.
Птозата на очните капаци е состојба во која горниот очен капак се спушта над окото и може да биде предизвикана од стареење, повреда на окото или несакан ефект по операција на окото, меѓу другото.
![](/uploads/IMG_1335.jpg)
Во случајот на Александра, птозата била предизвикана од вбризгување на ботокс, најверојатно во погрешен дел и ставање ботокс повеќе од што е потребно, што предизвикало сериозно спуштање на очниот капак.
Во досегашната пракса, околу 5 проценти од луѓето кои одат на третмани со ботокс имаат проблеми со спуштање на очните капаци. Овој број паѓа на помалку од 1% доколку го изврши медицински професионалец.
Докторот и ординацијата, Александара се уште не ги објавува, бидејќи планира правдата да ја бара по судски пат, а како што вели и да ја добие „битката“.