Роднина на пет мали дечиња од Кичево, братучетка на нивниот ненадејно починат татко бара помош од сите хумани луѓе, пренесува Канал5. Роднината, на дечињата апелира до сите хумани луѓе за помош на нејзините пет внучиња од Кичево. На Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона Јовановски итно им е потребна помош, особено во овој предновогодишен период.
„Трагично, мојот братучед, 35-годишен, почина во сон (мозочен удар), оставајќи 5 мали деца на возраст од 3 до 8 години: Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона. Тој беше единствениот вработен во семејството; мајката ги оставила децата пред 3 години и не е заинтересирана да се грижи за нив. Помогнете му на ова семејство со трошоците за погреб и финансиска помош за децата. Социјалната помош ќе биде тешко остварлива некое време бидејќи мајката не е во земјава. Децата моментално живеат со баба со хендикеп и помлад вујко, тие сакаат да ги задржат и посвојат децата. Сè што ќе им биде од помош, им треба храна, медицинска нега, платена комунална услуга, облека итн. Ви благодарам и Бог да ве благослови.“ стои во објавата на роднината.
Извор: СкопјеИнфо.мк