Посебна телефонска линија ќе биде отворена од општина Охрид, за туристите кои престојуваат во градот да може да пријават евентуални проблеми.
„Ќе биде ставена и телефонска линија на која сите туристи ќе можат да пријават одредени проблеми од областа на туризмот. И за каков било проблем врзан со незадоволството на такси-превозот ќе може да се пријави. Службите потоа соодветно ќе ја процесуираат,“ вели раководителот на Општинскиот сектор за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов за Супер радио.
Во Центарот гостите ќе можат да добијат и информации за на туризмот, за културно-историски знаменитости во градот, како и за одржувањето на тековните манифестации.