ГАЛЕРИЈА: ЕДНА ГОДИНА Zase.mk

Интернет слободната зона Zase.mk ја прослави првата година постоење. Вчера со пријателите и поддржувачите во најурбаното кафуле во Скопје, Бастион zase.mk во одлична и опуштена атмосфера го прославија својот прв роденден.

Zase.mk. Од се срце им благодари на сите за несебична поддршка и уделот во создавањето на порталот.

Изминатите 365 дена споделувавме љубов.

На посетителите им понудивме 8760 часа забава и 525 600 минути информации.

Во оваа мината година некогаш знаевме да бидеме досадни, правевме и грешки и се соочуваввме со негативни коментари и забелешки. Но не се лутевме. Никој не е безгрешен, добро намерните предлози од посетителите и пријателите ги имплементиравме во вашата слободна интернет зона. Бевме со вас кога никој не сакаше да го слушне вашиот проблем.

Минатите 365 дена со Вас споделивме над 10 000 информации.

Снимивме многу интервјуа, обработивме различни теми и направивме анализи за секоја област на живеењето.

Објавивме ваши, но и наши фоторепортажи, колумни, коментари и текстови.

Посетителите знаеја да го ценат тоа и затоа ни ја возвратија позитивната енергија со над 55 000 пријателства на Facebook, со речиси 35 000 посетители дневно и со повеќе од 160 000 прегледи на zase.mk во 24 часа.

Еднинственото што можеме да ви го ветиме е дека Zase.mk и во наредниот период ќе продолжи да биде вашата слободна интернет зона.

Ви благодариме за се!

Со почит Zase.mk

Коментари

Популарно