ФОТО: Јаре со 8 нозе се роди во Хрватска!!!

Зоран Папиќ е сопственик на Шарка, козата од Кутјево која родила родила три јариња. Од нив две се здрави женки, а третото е јаре со осум нозе, а изгледа дека има и женски и машки полови органи.

jare-osum-noze

-Кај него се е двојно. Козата Шарка која ја имам три години на свет донесе чудо на природата. Ова и е четврти пат да раѓа и секогаш имаше тројки – објаснува Папиќ за хрватските портали.

Тој веднаш повикал ветеринар кој му рекол дека се сомнева дека јарето ќе преживее зошто веројатно станува збор за неразвиен близнак.

Најкритични се првите седум дена. Ако ги преживее, вели Папиќ, би можело да живее две до три години.

-Се обидува да застане на нозе, ама нема сила, вели тој.

Инаку со одгледување кози тој се занимава веќе 20 години и ги храни со природна храна од поле. Јадат само сено, јачмен и пченка.

-Сакам јарето да преживее и да си го чувам како љубимец, вели тој додавајќи дека пред неколку години на негов пријател во соседното село козата му родила јаре со две глави.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно