Ексклузивно: како изгледа внатре новото Министерство за надворешни работи

Новиот објект на Министерството за надворешни работи е речиси готов. Треба да биде пуштен во употреба до средината на октомври оваа година. Ексклузивно zase.mk преку фотографии ви прикажува како изгледа одвнатре.

Поглед кон куполите од внатрешната страна

Во внатрешноста од двете страни на третиот спрат има отворен простор во висина од 5 спрата, низ кој продира светлина од двете куполи на врвот на зградата

На терасата се поставени бетонски фигури на заслужни личности од целиот свет

Поглед од терасата на најгорниот спрат каде ќе има ресторант,

На самата тераса е поставена прекрасна ограда од ковано железо

Ова е специјален уред кој ќе ги брка птиците од кровот.

Поглед на куполата, кој ве остава без зборови

Од поинаков агол

Како изгледа терасата на кабинетот на Министерот. Поставени се скулптури во народни носии од сите краеви на Македонија

Каков ќе им биде погледот на вработените од работното место

Тераста од кабинетот на министерот.

Внатре во кабинетот на министерот

Како изгледа холот на главниот влез на министерстото. Заборавате дека сте во Македонија

Секаде се поставени модерни светилки, кои одлично се вклопуваат во амбиентот

Дел од канцелариите се направени така што со повлекувањето специјалните подвижни стакла добивате огромна хала за конференција

На приземјето има професионална сала за конференции, во која се поставени специјални простории за преведувачите

Низ целиот објект во кој има 440 простории се поставени модерни спуштени плавони со светилки

Да ве потсетиме овој објект е во Македонија, а оние кои имаат прошетано велат дека е многу поубав и од оние на многу помоќни држави од нашата.

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

ВИДЕО: Гори мотор на Теодосиј Гологанов во Скопје!

Втор пожар денеска во Скопје. Не толку голем како оној во Универзалната Сала, но доволно силен за да ги вознемири жителите на населбите Тафталиџе и Козле. 

Во пожар изгоре мотор на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов веднаш до комплексот Гранд Престиж. Засега нема информации за повредени или пак за тоа како настанал пожарот.

Видеото можете да го погледнете на линкот подолу.

Испратено од: Сара

https://youtube.com/shorts/20hGpiR-0SU?si=DFfQ5VxsyiO-B7dw

Имер Селмани: „Тежам околу 50 милиони евра"

Што се случува со неговата прва пасија, медицината, бидејќи завршил Медицински факултет, како и зошто го почнал бизнисот, со што се занимава неговата компанија, колку тежи неговото богатство, на што најмногу сака да троши пари...

„Горд сум на себе, бидејќи вработуваме луѓе, плаќаме даноци, имаме редовни приходи, инвестираме... денеска сме дисперзирани како компанија која што има повеќе дејности. Сега градиме, при крај сме, на еден супер луксузен модерен комплекс во едно место кое што беше заборавено од Скопје, од скопјани, од државата буквално. Тоа е помеѓу касарната Илинден и булевар Словенија, тоа е практично Карпош. Таму градиме станбен комплекс од речиси 350 станбени единици и деловен простор...“, ова меѓу другото го истакнува Имер Селмани, во првиот подкаст „Бизнис муабети“, кој од денеска ексклузивно ќе се емитува на порталот Фактор.  

Почитувани читатели, како што и Ви најавивме, денеска реномираниот портал Фактор воведува уште една новина во своето работење, со која се обидуваме уште повеќе да се доближиме до Вас и до Вашите потреби, а секако, и да ги следиме модерните трендови во новинарството и во медиумското работење. Имено, стартувајќи од денеска, па секоја наредна недела во истиот термин, петок, преку нашиот портал ќе можете да ги следите новите епизоди од серијалот подкасти со наслов „Бизнис муабети“, одбран токму во духот на доминантно економската определба на нашиот медиум.

Водител на подкастот е добро познатиот на македонската јавност новинар Мишко Иванов, уредник на многу популарни и гледани телевизиски емисии во својата кариера во изминатиот период.

Гости на нашиот подкаст ќе бидат еминентни имиња од светот на бизнисот, политиката, општественото живеење, власта, опозицијата, но и многу други релевантни соговорници чии професионален ангажман или делување оставиле печат на околината која не опкружува. 

Погледнете ја првата епизода од „Бизнис муабети“, на Фактор.

Популарно