Нов закон: Пред да ве исклучат за неплатени сметки, ќе мора да ве најдат и опоменат

Според новините во предлог-законот за општа и управна постапка за комуналните претпријатија, пред да ве исклучат за неплатена сметка, ќе мора прво да ве најдат и да ве опоменат.

smetka-struja

ЕВН, Водовод, Телеком или Топлификација, повеќе нема да можат толку лесно да ги исклучуваат граѓаните само за две неплатени сметки. Со новиот закон за општа управна постапка што се подготвува, првин ќе мора против неплаќачите да поведат постапка пред Управен суд, а од друга страна, пак, и граѓаните ќе имаат право на приговор, пренесува Телма.

-Ако не сте платиле, тие ќе мора да ве викнат, да поразговараат со вас, а и вие ќе имате право на приговор, ако не сте задоволни од нивните услуги, вели  деканот на Правен факултет, Борче Давитковски.

Граѓаните ќе можат да се жалат пред регулаторните тела и доколку не се задоволни од услугите на овие организации, како и на кабелските оператори. Ова според Давитковски, е радикална новина, што во прв план го става примателот на услугите, односно потрошувачот. Со законот треба да се надмине и друг проблем на кој граѓаните постојано се жалат, а тоа е губењето на нивните документи од страна на институциите.

-Имаме многу поплаки од луќе дека им се губат документите, овој закон тоа повеќе нема да го дозволува, сега точно ќе се знае кој, дали и каде ги испратил документите, вели министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.

Сите документи кои комисиите си ги препраќаат едни на други, ќе мора да бидат снимени во дигитален формат, а комуникацијата меѓу институциите ќе се спроведува по електронски пат.Според министерот, ќе се скратат и роковите за жалби, кои ќе се поднесуваат директно во второстепената комисија. Единствено казните остануваат исти.

Законот се подготвува заедно со експерти од Правниот факултет и Европската унија.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно