Нов момент во случајот Дениса Маркоска

Поминаа речиси два месеци по исчезнувањето на младата прилепчанка Дениса Маркоска од бродот на кој пловела, а случајот сеуште привлекува многу внимание. По ДНК тестот направен во Грција и барањето на нејзините најблиски за нов тест во Македонија се јави Обвинителството на Македонија.

denisa-markoska-2

Обвинителството стави крај на дилемата за отворање постапка во случајот со Дениса Марковска. Немаат надлежност за дела кои не се сторени на територијата на Македонија и за сторители кои сториле дело во странство и не биле затечени или екстрадирани во земјата.

Информирани се за постапката која ја води соседна Грција и обдукцијата извршена врз телото пронајдено во водите на Егејското море.

- Јавното обвинителство не располага со сознанија за причината на смртта, но доколку е утврдено дека смртта настапила како последица на сторено кривично дело, тогаш постапката за евентуално гонење на сторител за извршено кривично дело ќе треба да се спроведува во Република Грција, стои во соопштението до медиумите.

Обвинителството нема надлежност ниту за издавање наредба за ДНК анализа или за реобдукција. Тие посочуваат дека по предавањето на посмртните останки на семејството не постои пречка по нивно барање, надлежна институција да изврши ДНК анализа или реобдукција.

Според информациите од МНР најдоцна до утре осигурителната компанија треба да ги уплати во Грција за транспорт на телото, кое според очекувањата на семејството треба да пристигне во земјава во среда.

Тие денеска упатија писмено барање до државното раководство за овозможување на нова ДНК анализа, за како што велат да бидат сигурни дека навистина се работи за нивната ќерка.

Надлежните за вршење на анализите, посочуваат дека ќе постапат ако семејството до нив упати барање за нова анализа откако ќе добијат дозвола за отворање на ковчегот кој ќе пристигне од Грција.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно