ФОТО: Се скрши Чинарот во Охрид

Еден од најпрепознатливите споменици на културата симболот на Охрид Стариот Чинар утрово после обилните врнежи од снег  се преполови .

Иако во изминатите години на Чинарот се извршени реставрации и поставена беше заштита за да истиот биде заштитен од вакви и слични непогоди се чини дека тоа не било доволно единаесет вековниот Чинар  ова древно дрво прогласено и како споменик на природата да одолее на ваквите временски непогоди.

ФОТО: Како за две години не користење Салата во ОУ Круме Кепески е толку руинирана?

Ова е салата за настава по физичко во О.У Круме Кепески во Кисела Вода.

Целосно е реновирана пред почетокот на учебната 2018/2019 година. Од тогаш, досега заради корона кризата е многу малку користена. Како е можно да е во ваква состојба?

Сноси ли некој одговорност во државава?

Испратено од загрижен родител

ВИДЕО: Во скопско Ѓорче Петров и Сарај воздухот е толку загаден дури пече на очи

Жителите од Ѓорче Петров 2 и Дексион се жалат дека на есен секој ден воздухот во нивната населба е толку загаден што кога ќе излезете надвор пече на очи како да е фрлен солзавец.

Велат дека не ги пуштаат децата да излегуваат надвор за да не мора да го вдишуваат загадениот воздух. Како потврда за истото ни испратија фотографии и снимки од актуелната состојба. Според нив димот доаѓа од населбата Сарај, пријавиле кај институциите, но велат со години никој не превзема ништо.

Сепак тие сакаат да останат анонимни

Популарно