Корисниците на Boom TV ќе ги имаат сите тв канали!!!

ОНЕ информира дека гледачите на БоомТВ продолжуваат да ја следат програмата на Fox, Fox Crime, Fox Movies, 24 Kitchen и Sport Klub каналите. Во тек е регулирање на лиценците за емитување согласно новите барања на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и очекуваме тоа да биде завршено во најкус можен рок, без да дојде до исклучување на споменатите ТВ канали. Со истата постапка работиме и на враќање на Foх Life I National Geoographic каналите.

boom tv

Инаку, ниту еден канал на платформата на БоомТВ не е реемитуван без соодветна дозвола од ААВМУ. На ААВМУ при регистрација на ТВ програмите и се доставува соодветниот договор со имателот на ТВ правата како и неговата дозвола за креирање на ТВ содржини издадена од соодветниот регулатор во државата во која е регистриран.

Таткото на Вања по исчезнувањето се движел по истиот пат каде пред саат време поминал цитроенот и кангуто

На почетокот од истрагата сметавме дека девојчето доброволно влегло во некое возило и дека го напуштила домот, дека едноставно сакала да ги казни родителите. Немаше логика дека е киднапирана, немаше ниту откуп, ништо, изјави началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, кој сведочеше на денешното рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во Основниот кривичен суд Скопје.

Сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, за настанот бил известен на 27 ноември 2023 година, што како што вели било невообичаено, иако надлежноста за постапување по исчезнатото девојче било под ПС Центар.

-Во текот на вечерните часови добив повик од помошник началник на СВР Скопје дека ќе треба да се вклучиме и ние, бидејќи има изјави од родителите дека девојчето може да е киднапирано. Се собравме во СВР Скопје. Имаше доста нелогичности и нас не ни беше јасно. Ги повикавме родителите, наставничката, директорката, педагогот... нас ни беше доста нејасно како може веднаш да се алармира дека е киднапирано девојчето. Нормално би било прво да видат дели е кај некоја другарка или друго, изјави сведокот.

Класната, посочи сведокот претходниот ден разговарала со Зорица за некој проблем во класот за некоја книга и имале пракса ако некое дете не е на час, класната да ги извести родителите, па така мајката ја добила информацијата дека девојчето не е отидено во училиште. Чудно, посочи сведокот, било тоа што таткото Александар упорно велел дека девојчето е киднапирано.

– На Сејф сити видовме дека на 27 ноември во 9.15 неговото возило проаѓа кон „Александар палас“ и Качанички пат. Саат време претходно таму видовме дека поминале „цитроенот“ и „кангуто“. Го прашавме каде одел и зошто токму таму. „Па, ако ја однеле накај граница, мислев да проверам.“ За него имаше индиции. Велеше „ја најдовте ли убиена?“ Во разговорите со Велимир и со Боре тие рекоа дека таткото на Вања му кажал на Палчо дека Вања ќе оди сама кон школо. Најдовме порака, скрин шот од неделата навечер од разговор на Вања и Александар, кој ѝ го препратил на Зорица во која тој им вели на децата „утре ќе биде ладно, мунус 7, облечете се многу добро, со дуксер, шал, ракавици…“ Еден ден Александар ѝ рекол на Зорица, „не се секирај, ако побараат откуп, ќе земеме пари од Хари“. Во групата со родители на Вибер, Александар ја згрешил групата и напишал „кажи колку пари треба“, ама брзо ја избришал пораката. Но некои родители ја виделе и ни кажаа – рече Димовски.

Мицкоски: Арсовска нема капацитет за капитални проекти

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во Тема на денот во Централниот дневник на ТВ Сител, вели дека Данела Арсовска нема капацитет да реализира капитален проект за изградба на Булеварот „Хасан Приштина“, потенцирајќи дека иако веќе 2 години 10 милиони евра се префрлени на сметката на Град Скопје нема потрошени ниту фенинг од тие средства.

„Е сега кога сме кај тоа. Да тоа е капитален проект. Треба да е комплетен, а второ треба да се потрошени оние 10 милиони евра кои што веќе се дадени за реализација на еден таков капитален проект како што е Булеварот „Хасан Приштина“ кој што не само што не е почнат две години, туку ниту фенинг не е потрошен“, рече тој.

„Сега ако некој нема капацитет да реализира капитални инвестиции, како што е тој булевар, тој патен правец, иако морам да признам до мене стигаат многу информации дека се тргува со тие средства кој што ги има Градот Скопје на својата сметка од страна на државата префрлени, па се бараат градежни фирми кои што тоа ќе го изведуваат и итн., има институции со тоа што се занимава. Но, факт е дека тој проект не е почнат со реализација и сега кога вие ќе видите дека некои 10 милиони евра му стојат 2 години на сметка, а не инвестирал ниту фенинг од тие 10 милиони евра, тогаш логично е да го поставите прашањето зошто па и тие 10 милиони евра не си ги вратиме назад во буџетот и да ги искористиме за нешто кое што е потребно за граѓаните во некои општини кои што се по подготвени“, дециден е Мицкоски.

Одржано Редовно Годишно Собрание на Македонско-Бугарската стопанска комора

БИЗНИС БЕЗ ГРАНИЦИ побараа членките на Македонско-Бугарската Стопанска Комора на своето редовно годишно Собрание одржано во Скопје. Постои голем интерес кај компаниите од двете земји за инвестирање, имаме постојан, значителен раст на трговската размена меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Со подобрување на условите кои треба да ги обезбедат нашите држави има простор за уште поголем раст на инвестициите од компаниите членки на нашата комора и тоа треба да го ставиме во функција на развој на правните субјекти од двете држави, смета Претседателката на Македонско-Бугарската Стопанска Комора, Биљана Митева.

Компаниите членки на комората даваат свој придонес за подобрување на бизнис климата и отстранување на политичките бариери меѓу двете држави, за уште поуспешно деловно поврзување на бизнис секторот.

На Собранието се обрати и амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Жељаско Радуков, каде изрази недвосмислена поддршка за подобрувањето на економската размена меѓу двете држави и укажа на важноста на поврзувањето на луѓето и бизнисите од двете земји.

Собранието на Македонско-Бугарската Стопанска Комора ја одобри програмата за работа за периодот 2024/2025, беа усвоени извештаите за 2023/2024, а беа избрани и нови членови на Управниот и Надзорниот Одбор на МБСК. На редовното годишно Собрание на Македонско-Бугарската Стопанска Комора присуствуваа и претставници на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија.

Популарно