Почина Зоран Тодоровски!!!

На 65-годишна возраст почина директорот на Државниот архив на Република Македонија, Зоран Тодоровски.

zoran-todorovski-drzaven-ar

Роден е на 3 март 1950 година во Скопје, каде што завршува основно и средно училиште. Дипломирал во 1972 година на Фи­лозоф­скиот факултет во Скопје на Катедрата за историја со историја на умет­носта. Магистрирал во 1989 година на Институтот за историја на маке­донскиот народ во XIX и XX век, на тема „Дејствувањето на Авто­но­мис­тич­ката ВМРО во периодот 1918-1924 година„. Докторирал во 1995 го­ди­на на тема „Внатрешната македонска револуционерна организација 1924-1934 година„.

Работел во Републичкиот комитет за култура 1975-1990 година како советник за споменици на културата и музејска дејност. Работел во Институтот за национална историја во Одделението за историја на македон­­скиот народ (1913-1941), како асистент, научен сора­бот­ник, виш научен сора­ботник и научен со­вет­ник (1990-2003). Тодоровски во ИНИ бил професор по предметот „Ис­то­рија на Македонија 1913-1941 го­дина“.

Зоран Тодоровски е именуван за ди­­ректор на Државниот архив на Република Македонија и раководи со Ар­хи­вот во периодот 1999-2002 година и од 2006 година до денес. Тој е претседател на научно-културните средби „Десет дена Кру­шев­ска Република“.

То­до­ровски е автор на бројни публикувани историски трудови и зборници на доку­менти. Значајни се неговите трудови посветени на ВМРО 1918-1924-1934 година, на македонското прашање во бугарскиот парламент, за ис­то­рис­ки личности како што се Крсте Мисирков, Тодор Александров, Вла­дис­лав Ковачев, Петар Шанданов, Тодор Поп Антов и други.

За вработените во Државниот архив, Зоран Тодоровски е зна­чаен по тоа што раководеше со Архивот 12 години. Тодоровски се залагаше за унапредување на ра­бо­тите во сите сектори и одделенија во Државниот архив, но најмногу се за­ла­гаше за развој на издавачката дејност на Архивот, за архивските ис­тра­жу­ва­ња во странство, за меѓународната соработка и др. Исто така, се за­лагаше за пра­вилно функционирање на 9-те подрачни одделенија на ДАРМ, за кад­ровско доекипирање на Архивот, за донесување на ар­хив­ските прописи...

Соочени со фактот за физичката загуба на директорот Зоран Тодоровски, вработените во Државниот архив му изразуваат искрено сочувство на неговото семејство.

Денес се навршуваат 18 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески

Денеска се навршуваат 18 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Македонец до смрт претепан во Словенија

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

Популарно