Скопските инспектори ќе се возат на електрични скутери

Градот Скопје стана прва локална самоуправа во Република Македонија која што набави електроскутери за потребите на градската администрација. Новите 5 електроскутери, денеска ги промовираше градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

500000222unnamed
-Градот Скопје со набавката на овие 5 електроскутери го направи првиот директен чекор кон електромобилност во Скопје со примена на нови технологии, движење со нула емисии на штетни издувни гасови, почиста и поздрава животна средина и намалување на трошоците за одржување. Скутерите ќе ги користат службите на Град Скопје - инспекторите, комуналните редари и други. Набавените скутери ги имаат следните карактеристики: максимална брзина од 45 километри на час; време на полнење 4 до 5 часа; со едно полнење скутерот поминува 50 километри, а што е најважно, возењето 100 километри со ваков скутер ќе чини 10 денари, што претставува 70 до 80 проценти заштеда во споредба со потрошувачката на еден скутер што користи нафтени деривати. Скутерите може да се полнат на било кој извор на електрична енергија, како и во станицата за полнење електромобили во катната гаража „Македонска фаланга", на улицата Свети Кирил и Методиј. Во наредниот период Градот Скопје ќе набави и еден електроавтомобил и 5 електровелосипеди за потребите на градската администрација. Сакам да упатам апел до другите локални самоуправи, како и до државните институции да го следат примерот од Град Скопје, да набават електромобили и да ја поддржат електромобилноста, истакна Трајановски.
500777unnamed
Набавените електроскутери се од марката EFUN, X-TREME тип: EFUN-C и се јасно означени со ознаки на Град Скопје и со ознака за електрично возило.
50088unnamed
По спроведената јавна набавка, Градот Скопје новите електроскутери ги набави од фирмата „АВЦ-СМ“ ДОО експорт импорт Скопје. Вкупната цена на петте електроскутери изнесува 782.458 денари со ДДВ, а цената на еден електроскутер изнесува 156.491 денар со ДДВ. Со ставањето во употреба на новите електроскутери Градот Скопје ќе заштеди за гориво и за одржување, а што е најважно, директно ќе придонесе за квалитетот на амбиентниот воздух и почиста и поздрава животна средина.
50099unnamed

Жените над 50 години треба да избегнуваат четири видови храна

Менопаузата носи многу предизвици за жените, вклучително и хормонски промени кои можат да предизвикаат непријатни симптоми како што се топли бранови, промени во расположението и зголемување на телесната тежина. За среќа, постојат промени кои можете да ги направите за да ги ублажите овие симптоми, а исхраната игра клучна улога.

Иако постојат многу корисни намирници кои можат да ги намалат симптомите на менопаузата, важно е да се има на ум дека одредени видови храна може да ги влошат овие проблеми, особено преработената храна.

Д-р Мајкл Лахи истакнува неколку видови на храна што жените над 50 години треба да ги избегнуваат за да ги контролираат симптомите на менопаузата и да спречат зголемување на телесната тежина.

1. Слатки и газирани пијалоци

Слатките, како бонбоните и газираните пијалаци, се несомнено вкусни и честопати е тешко да им се одолее. Сепак, нивната висока содржина на фруктоза најверојатно ќе доведе до ненадејни скокови и падови на нивото на шеќер во крвта. Овој ефект може да ги влоши промените во расположението и заморот, два вообичаени симптоми на менопаузата.

„Газираните пијалоци и слатките предизвикуваат раздразливост и необичен замор, кои се толку забележливи за време на менопаузата“, предупредува д-р Лахи за SheFinds. Освен тоа, шеќерот придонесува за акумулација на масното ткиво и носи низа други здравствени ризици. Д-р Лахи препорачува свежо овошје или темно чоколадо за задоволување на потребата за слатко.

2. Преработено месо

Преработеното месо, како што се колбасите, виршлите и нарезоците, се меѓу најлошите намирници за здравјето. Оваа храна е богата со натриум и конзерванси, што може да доведе до надуеност и воспаление. „Оваа храна може да ги влоши симптомите на менопаузата со зголемување на нивото на воспаление во телото“, вели докторот.

Надуеноста е честа поплака за време на менопаузата, а вишокот натриум од преработеното месо само ја влошува ситуацијата. Д-р Лахи препорачува посни протеини, како што се пилешко без кожа, риба или опции од растително потекло како грав и тофу, кои се одлични за одржување на тежината.

3. Рафинирани јаглехидрати

Белиот леб, пецивата и другите рафинирани јаглехидрати можеби се вкусни, но за жал, за време на менопаузата и воопшто, тие прават повеќе штета отколку корист. Според д-р Лахи, „рафинираните јаглехидрати ја зголемуваат тежината и нивото на инсулин, што го отежнува слабеењето“.

Тие исто така можат да ги влошат промените во расположението и често да не остават исцрпени. За постабилно ниво на шеќер во крвта и повеќе енергија, важно е да изберете цели зрна како киноа, кафеав ориз и интегрален леб.

4. Транс масти

Транс мастите се наоѓаат во многу од најпопуларните преработени грицки и пржена храна, а за жал, тие можат да бидат лоши за симптомите на менопаузата.

„Транс мастите го зголемуваат ЛДЛ холестеролот и го намалуваат ХДЛ, што го влошува воспалението и доведува до зголемување на телесната тежина“, објаснува д-р Лахи. Овие нездрави масти, исто така, можат да ги влошат топлите бранови и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања.

Клучно е да се проверат етикетите за исхрана за транс масти, а кога готвиме дома, можеме да размислиме за користење природни, здрави масти како кокосово или маслиново масло бидејќи тие можат да помогнат во одржувањето на здрави нивоа на холестерол.

Лесен домашен лек против кашлица

Благодарение на моќните својства на медот и бананата, ослободете се од болното и воспалено грло, кашлицата, па дури и од стомачните проблеми.

Состојки: 400 мл зовриена вода, 2 средни банани со црни пеги по нив, 2 лажици мед.

Подготовка: Најпрвин излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка. Доколку сте во можност направете го тоа со дрвена лажица. Потоа бананата ставете ја во сад со зовриена вода. Оставете ја да отстои околу половина час. Кога смесата ќе се олади, додадете го медот. Важно е медот да го додадете последен, бидејќи, доколку го помешате со зовриената вода, ќе ги загуби лековитите својства.

Примена: 100 мл од овој напиток пијте четири пати дневно. Количината на состојките од овој рецепт е доволна за еден ден. А наутро за наредниот ден направете си нова. Првите резултати ќе ги забележите за три дена.

Видео: Откриени фосили од диносаурус во Хонг Конг

Властите во Хонг Конг соопштија дека откриле фосили од диносауруси на зафлен и ненаселен остров кај градот. Ова е прво такво откритие во овој град во Кина.

Наодите се откриени на островот Порт во Глобалниот геопарк на УНЕСКО во североисточните водни делови на градот. Фосилите најверојатно биле дел од голем диносаурус од периодот Креда, т.е. пред околу 145 до 66 милиони години. Ќе се спроведат дополнителни истражувања за да го потврдат типот на диносаурус. Островот Порт е затворен за јавноста до дополнително известување за да се олеснат идните истражувања и ископувања, се вели во официјалното соопштение.

-Откритието е од големо значење и дава нови докази за палеоеколошките истражувања во Хонг Конг, рече секретарот за развој на градот, Бернадет Лин Хон-хо.

Фосилите ќе бидат изложени денеска во еден од трговските области во Хонг Конг.

Професорот Мајкл Питман, палеонтолог од Кинескиот универзитет во Хонг Конг, рече дека „откритието е возбудлив лучај“ за градот, кој долго време беше домаќин на опсежни истражувања за диносаурусите, но се согласува дека наодите допрва треба да е потврдат.

-Хонг Конг е познат по обликуваниот пејзаж, но половина од сѐ тоа е „селски парк“. Во руралните области, повеќето од она што го гледате се карпи од ерата на диносаурусите, но тие се вулкански карпи – и тоа се лоши места за наоѓање фосили бидејќи фосилите едноставно „се топат“. Но, островот Порт е еден од островите каде што има карпи од ерата на диносаурусите од соодветниот вид и – вистинска средина, појасни проф. Питман.

Кина е една од четирите земји кои водат истражувања за диносауруси – заедно со САД, Канада и Аргентина. Во таа смисла, досега десетици илјади јајца од диносаурус се пронајдени во областа Гуангдонг, каде што се наоѓа Хонг Конг.

-Се надевам дека, гледајќи ги овие фосили, ќе видиме разлики со оние од некои од познатите наоѓалишта во Кина, како Сечуан и Јунан. Тоа може да раскаже навистина занимлива приказна за биогеографијата на животните, рече Питман.

Владата вели дека ангажирала научници и од континентална Кина за да спроведат истрага на тој терен. Властите, исто така, планираат да се отвори привремена работилница за јавноста за набљудување на стручната подготовка на фосилни примероци до крајот на 2024 година.

Популарно