Крвава слава: Ја заклав жената, ама ќе ги убиев и ќерката и синот и внуците!

nebojsa-pavlovic-buca-milica-pavlovic-foto-dragan-ilic-1447797335-786543-22852

-Се надевам дека мајсторски и професионално ја заклав сопругата. Но тоа е само половина од работата што ја планирав. Би ги заклал и ќерката, нејзините деца и синот да не ме спречија, им рекол на полицајците месарот Небојша Павловиќ наречен Буцо од селото Варварин кај истоимениот град откако е уапсен за убиството на сопругата Милица (60).

Трагедијата се случи пред два дена во куќата на несреќната Милица, пред десетина гости на нејзината семејна слава Ѓурѓиц.

Последни зборови

Ружица Матиќ, сопруга на братот на Милица Милош, вели дека Небојша живее во другата куќа во заедничкиот двор и не приссутвувал на славата.

-Но, околу 15.30 часот дошол, видно нерасположен. Се поздравил со двајца-тројца госи, а останатите попреку ги погледнал. Потоа отишол во кујната, каде била Милица. Го видов како ја вовлекува десната рака позади грб и извлече голем месарски нож. И пријде од зад грб и ја забоде во вратот! Вреснав и потрчав да го фатам за рака, а тој ме нападна и мене, вели Ружица.

nebojsa-pavlovic-buca-milica-pavlovic-foto-dragan-ilic-1447797335-786549

Во тој момент врз полудениот Небојша скокнал сопругот на Ружица, Милош кој е роден брат на Милица.

-Мислев дека ја забоде милица во рамото. Гледајќи како тргна на мојата сопруга, скокнав и го фатив за рацете во кои го држеше крвавиот нож. Го истуркав до верандата, а потоа го легнав во дворот. Ми рече: „Пушти ме или ќе го вадам и другиот нож да ти го пресечам гркланот! Успеав цврсто да го држам додека не дојде полицијата. Да знаев во тие моменти дека ми ја уби сестрата, јас ќе му пресудев, раскажува Миилош Матиќ.

Додека Милош се борел со убиецот, останатите гости скокнале да и помогнат на Милица.

-Откако ја прободе, Милица со последните сили рече: „Водете го од тука“, а потоа  почна да се гуши. Крв и течеше од вратот и устата и се гушеше. Почина на пат кон болница, вели роднината јелена.

Ќерката на Небојша Оливера (39) и синот Оливер (38) се шокирани од смртта на мајката.

-Татко ми многу пиеше. По струка беше кројач, но работеше во кафеана како келнер и колеше стока низ селото. Многу пиеше и ја малтретираше мајка ми, па пред 2 години го тужеше. Се закануваше пред судијата дека ќе ме заколе и мене и моите деца. Судењето почна уште пред две години, вели ќерката Оливера која поради таткото насилник со децата се преселила во градот Варварин.

sin-oliver-cerka-olivera-foto-dragan-ilic-1447797335-786545

Ги исфрлил од куќата

Синот Оливер вели дека пред две години таткото ги изфрлил од старата куќа.

-Дојдов од Австрија и го прашав зошто го прави тоа. Ми рече дека не може да ја гледа мајка ми, па и изградив нова куќа. Остана да живее сам во старата куќа, а мајка ми, по моја молба, повремено му спремаше храна, објаснува Оливер и додава:

-Со таткото контактирав пред 15 дена кога дојдов во Србија. Ме праша зошто не му се јавувам. Му одговорив дека сум огорчен што ми ги пцуеше децата. И тогаш ми рече: „Тоа намерно го направив, знам дека си мирен и сталожен, па сакав да те предизвикам за да те заколам!“.

Мештаните истакнуваат дека Небојша во Варварин е познат како кавгаџија, а посебно по тоа што пијан правел проблеми.

-Ги провоцираше и полицајците, ама тие го заобиколуваа, раскажуваат мештаните.

На Небојша Павловиќ по сослушувањето кај обвинител одреден му е притвор од 30 дена.

nebojsa-pavlovic-buca-milica-pavlovic-foto-dragan-ilic-1447797335-786547

Милица водела дневник за насилникот

Милица Павловиќ пред смртта ја напишала во една тетратка својата животна исповед. Пишувала за насилството кое со години го трпела од мажот. На првата страница од оваа тетратка стои: „Совет до сите жени од светот кои трпат насилство, зошто ова го раскажувам од искуството во својот живот“. Потоа го опишувала својот макотрпен живот под тиранијата на својот сопруг Небојша, со надеж дека ќе им пружи помош на другите жени кои со години трпеле насислтво од мажите.

-Ова е книга на исповеди и каење на една напатена жена, напишала несреќната Милица Паловиќ во својот дневник.

Пред убиството уредно се спакувал

Пред полицајците му ставале лисици Небојша пред куќата каде го изврши грозоморниот чин побарал да си ја земе торбицата која уредно си ја подготвил за во затвор. Рекол дека знаел оти ќе оди во затвор на подолго време па се подготвил.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно