Погребан 16-годишниот Никола: Зошто мојот другар замина на вакво начин?

Вчера беше погребан шеснаесетгодипниот Никола Стојчиќ од Кисач кај Нови Сад, чие тело е пронајдено пред три дена во Земун.

nikola-stojcic-1466290210-932367-62896

Тагате не може да биде поголема. Гробиштата бела мали да ги соберат сите кои дојдоа за последен пат да ги испратат Никола. Се претпоставува дека момчето скокнало од новосадскиот мост Дуга, пред десетина дена, а телото испливало кај ресторанот „Венеција“ во Земун.

Неутешните родители, мајката Билјана, таткото Синиша, помладиот брат и сестра како и бројните роднини, другари и пријатели чекореа покрај ковчегот на Никога, не верувајќи дека повеќе го нема. Лелекот на мајката ги кинеше срцата на сите, немаше некој што не пушти солза.

-Зошто мојот другар замина на вакво начин...Зарем не можеше никому да каже што го мачи...Беше посебен, секогаш тука да ни помогне, а не дозволи некој од нас да му помогне нему. Имаше идеално семејство, сложно, барем ним да им се довереше...Велат дека тоа го направил поради девојка. Само можам да му порачам, зошто знам дека не слуша, дека животот беше пред него, како и многу девојки, вели другарот на Никола од основно училиште.

Никола пред 10 дена, пред да тргне да се самоубие, и испратил порака на Фејсбук на другарката во која бил заљубен. Потоа го исклучил телефоно и повеќе не го вклучувал.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно