Семејството на Јована се закани со крва одмазда:Кога ќе ја погребеме Јована и сето тоа ќе заврши, ќе дојдеме и ќе ве потепаме

Јована Поповиќ (20) од Банатско Караѓорѓево е убиена на 2 јули со куршум во срцето во масакрот во Житиште кога Синиша Златиќ пукаше од калашников и усмрти петмина, а рани 22 гости во кафулето „Макијато“.

Untitled

Родителите на Јована му се заканиле на братот на Златиќ и на таткото дека ќе ја одмаздат својата ќерка, која е најмлада жртва на оваа трагедија, и дека целото нивно семејство ќе го снајде истото низ што поминале тие.

-Буквално го повикаа Александар и му рекоа: Имате три дена да побегнете кај сакате. Кога ќе ја погребеме Јована и сето тоа ќе заврши, ќе дојдеме и ќе ве потепаме, раскажува соговорник близок до семејството.

-Крвната одмазда нема да ја преживеат. Нашата Јована ќе ја одмаздиме, се колнеме, додава соговорникот.

Јована Поповиќ беше на првата година од студиите на Правниот факултет во Нови Сад, а животот го загуби пред очите на родената сестра Јелена (18) во масакрот во кафулето „Макијато“.

Тие две со уште две другарки биле на „Пиле Фест“. Ги донел таткото на Јована и им рекол дека ќе дојде по нив во три часот по полноќ за да ги врати заедно во Бантаско Караѓорѓево.

Монструозното злосторство Синиша Златиќ го стори околу 2 часот по полноќ.

Јована немаше никакви жанси да преживее, зошто куршумот буквално и го разнел срцето.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно