ОГЛАС за вработување на 90 луѓе: Плата од 18.000 до 22.000 денари

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОБЈАВУВИ ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПРИЕМ НА ДЕВЕДЕСЕТ ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ

ministerstvo-za-odbrana-logo

Врз основа на член 37 и член 39 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија, 6р. 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15 и 71/16), член 1 од Правилникот за начинот за спроведување на постапката за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија, бр. 1 65/201 4), Правилникот за начинот на вршење на селекција на лица за професионални војници во Специјалните единици на Армијата на Република Македонија бр. 014108/1 од 19. 08. 2014 година и Правилник за изменување на Правилникот за начинот на вршење на селекција на лица за професионални војници во Специјалните единици на Армијата на Република Македонија бр. 01 -306/1 од 13. 01. 2015 година и

бр. 016543/1 од 20. 11. 2015 година, Министерството за одбрана на Република Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

1 За прием на 90 (деведесет професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија за работа на определено време со договор за вработување во времетраење од 3 години за:

- специјалните единици на Армијата на Република Македонија и

- други родови и служби на Армијата на Република Македонија.

2. Кандидатите за прием на професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија од точката 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат следните услови:

Општи услови:

- да се државјани на Република Македонија;

- да се полнолетни и

- да имаат посебна здравствена и физичка способност.

Посебни услови:

-да имаат завршено средно образование;

-да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и

- да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионапни војници.

- Кандидатите за специјалните единици на Армијата на Република Македонија да поседуваат пливачка способност, изразена можност за пливање 50 метри во должина.

3. Кандидатите во текот на постапката за прием на професионални војници, ќе бидат писмено тестирани (општообразовен тест и психолошки тест), ќе биде проверенa нивната физичка способност, ќе им биде вршен интервју и ќе им бидат вршени здравствени прегледи од страна на посебни комисии формирани од Министерството за одбрана.

4. Кандидатите кои ќе ги поминат rope наведените проверки можат да пристапат кон селективен курс, со тоа што потребно е да дадат изјава за доброволно пристапување на селекција за избор на кандидати со неможност за барање на оштета од Министерството за одбрана во случај на повреда за време на спроведување на постапката за селекција и да склучат договор за спроведување на селективен курс.

5. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.

6. Работното време е од 08, оо часот до 16. оо часот.

7. Платата изнесува од 18. 000. оо денари до 22. 000, оо денари.

8. Со избраните кандидати ќе се склучи договор за работа на определено време со времетраење на договорот од три години.

9. Јавниот оглас за прием на професионални војници ќе трае до 01 .10. 2016 дена од денот на објавувањето во дневните весници, a пријавите со потребните документи се поднесуваат во Секторот за цивилновоена соработка со регионални центри за одбрана во Одделенијата за одбрана за регионите за градовите/општините во Република Македонија.

10. Кон пријавата која се поднесува и заведува во Одделенијата за одбрана за регионите од точка 9 на овој оглас, кандидатите се должни да ги приложат во оригинал или заверена фотокопија следните документи: пријава, своерачно пополнет прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точноста на дадените податоци; диплома за завршено средно образование;

уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци);

извод од матична книга на родените;

уверение дека не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);

уверение за отслужено доброволно служење на воен рок во АРМ; и

лекарско уверение за општа здравствена состојба на кандидатот (не постаро од 6 месеци);

1 1 Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.

1 2. На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министерството за одбрана како професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија, документите ќе им бидат вратени преку Одделенијата за одбрана за регионот од точка 1 0 на овој оглас, каде што се поднесени.

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

Краен рок за пријавување: 01.10.2016

Добри вести за возачите: Горивата со нови цени

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 отсто во споредба со претходната пресметка.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 68, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,001 денар по килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и изнесува 36,661 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,358 отсто, кај дизелот за 2,566, кај екстра лесното масло

за 2,450 и кај мазутот за 0,645 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5110 отсто.

Криптоманија: Колку чини биткоинот денеска?

Биткоинот, најпопуларната криптовалута во светот, речиси три недели се движи околу психолошката граница од 100.000 долари, но никако да ја премине. Денеска изутрината 1 биткоин чини 98.350 долари, но вредноста вообичаено варира од час во час.

Повеќето криптовалути, а особено биткоинот, забележаа пораст на берзите како реакција на победата на Доналд Трамп на претседателските избори.

Пред гласањето, биткоинот чинеше околу 68.000 долари, но кога се дозна дека Трамп ќе победи, за само неколку часа вредноста се крена на над 80.000 долари, а неколку дена подоцна и над 90.000 долари. Веќе со денови се очекува моментот кога биткоинот ќе надмине 100.000 долари.

Народната банка на Република Северна Македонија нема криптовалути во курсната листа, зашто нашата тековна законска рамка не познава термин „крипто-средство“.

– Во основа, крипто-средствата се сметаат за специфичен вид нематеријално средство, засновано на одредени технологии, коешто не е издадено ниту, пак, неговата вредност е гарантирана од централна банка, не претставуваат пари и понудата на овие средства не зависи од потребите на економијата или монетарниот систем – наведува НБРСМ на својата страница на интернет.

Вредноста на биткоинот надмина 80.000 долари

Цената на криптовалутата Биткоин денеска за првпат го надмина прагот од 80.000 на платформата Bitstamp.

Најстарата и најпознатата криптовалута се искачи за над четири проценти во споредба со претходниот ден, достигнувајќи до 80.047 долари.

Во изминатите седум дена, водечката криптовалута доби повеќе од 17 проценти во вредност. Другите криптовалути како Етер или Солана се зголемија уште понагло.

Аналитичарите стабилното зголемување го припишуваат на новиот политички пејзаж во САД по победата на Доналд Трамп на претседателските избори, пренесе ДПА. Поранешниот и иден претседател на САД беше поддржан од поголемиот дел од крипто заедницата за време на изборната кампања.

Трамп беше многу негативен за Биткоинот за време на неговиот прв мандат, од 2017-2021 година, но активно се додворуваше на крипто заедницата во овогодишната кампања за реизбор.

На големата конференција за Биткоин во Нешвил, Тенеси, Трамп вети дека ќе го задржи крипто пазарот во голема мера нерегулиран и ќе обезбеди евтина електрична енергија за „копање“ нови биткоини.

Популарно