Земјотрес со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во 13 часот и 12 минути во југоисточните делови на Република Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Во останатите делови на Македонија земјотресот е почувствуван со интензитет од три до четири степени.
Епицентарот на земјотресот бил во соседна Грција со магнитуда од 4,7 степени според Рихтрероватра скала.
Но, на овој мајстор и земјотресот не му претставува никаков проблем за тој да продолжи да си ја работи својата работа која за време на земјотрес е доста ризична. Му честитаме на храброста!
ФОТО: Струмица Денес